Kазни ако без дозвола собирате лековити билки во шума


Сите правни и физички лица што собираат шумски плодови и лековити билки, од април годинава мора да бидат регистрирани и да имаат дозволи за работа. ЈП „Македонски шуми“ во 2013 година воведе задолжително регистрирање на жителите – собирачи на шумските производи. Ова доаѓа откако македонските планини ги сардисаа берачи што нестручно и стихијно берат лековити билки.

sumski plodovi sobiranjeЗа лицата што не поседуваат дозвола за собирање при вршење на оваа дејност, се пропишани казнени законски мерки, кои се парични и се високи. На терен се покажува дека некои од собирачите покажуваат отпор. Оваа планина е на сите, и цвеќе ли сега не можам да берам, биле најчестите одговори на лицата што се затекнати како берат шумски производи без дозвола.

Не можеме да ја оставиме природата на немилост на лица што мислат само за себе. Нестручно се берат билките. Истото се случува и со печурката. Се рекло носи пари и сите ајде на берење, а немаат основни познавања. Печурката не се корне, се сече со нож, се складира во кошница, а никако во вреќи како што сега работат. Исто е со лековитите билки, ги корнат сосе корен, а не да ги пресечат цветовите. Така сега на планините каде што имаше вакви билки се истребија, ги нема – вели за Дневник долгогодиѓен собирач на лековити билки.

Пријавувањето и регистрацијата се врши во сите 30 подружници на „Македонски шуми“ низ Македонија. Цената на поединечна дозвола за собирање за 2013 година изнесува 400 денари.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1