Ќе фрчат казни – За шверцување во автобус казна 1.000 денари


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе ја зголеми цената на дополнителниот казнен билет, кој ќе чини 1.000 денари и за градските и за приградските линии. Досега оние што се фатени од контролорите на ЈСП без билет плаќаа казнен билет во висина од 200 денари за градските и 300 за приградските линии. Управниот одбор на претпријатието ја донел ваквата одлука, но таа треба да добие зелено светло од членовите на Советот на Град Скопје на седницата в четврток. Одлуката ќе влезе во сила на денот на донесувањето.guzva-avtobus-lugje-narod-D_0

Причини за зголемување на цената на т.н. казнен билет, според директорот на ЈСП, Мишо Николов, е да се воспостави поголема дисциплина за плаќање билети. Тој смета дека тоа не е висока цена.

– Најчести неплаќачи се повозрасните, оние што се близу до исполнување на старосната граница кога е дозволен бесплатен превоз, која е 62 години за жени и 64 години за мажи. Тие најчесто се правдаат дека имаат уште два или три месеци до наполнување на потребната возраст и бараат да им се прогледа низ прсти. Има и ученици од приватните училишта кои треба сами да си вадат слободни карти. Исто така има и студенти што не плаќаат. Освен тоа, среќаваме и убаво и елегантно облечени патници, кои се гледа дека имаат пари, а се возат без билет. Таквите, кога ќе бидат фатени од контролор дури и се закануваат: „Знаете ли кој сум јас, ќе летате од работа“.

Според статистиките на ЈСП, пак, најчесто оние што се шверцуваат во нивните автобуси се на возраст од 25 до 40-годишна возраст.

– Најмногу прекршители што не платиле билет во последниве месеци има на линиите „2“, „22“, „9“ и „19“ – информира Ана Груевска од ЈСП.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1