Ќе ги оживееме мртвите? (ВИДЕО)


Американецот Зак Конрад (36) починал на трети јуни 2012 година, во Филаделфија. Тој секоја недела возел велосипед. Додека возел, почувствувал дека нешто не е во ред и застанал, ја извадил кацигата и паднал на земја. Срцето му прекинало со работа, престанал да дише. Имал срцев удар

vrakanje-od-smrttaВо овој случај, статистиката не покажувала добри резултати. Секоја година, околу 300.000 лица во САД доживуваат срцев удар и мнозинството од нив умираат-од оние кои стигнуваат до болница, умираат меѓу 85 и 90%.

Случајот на Конрад бил близу до зоната на самракот, отколку до статистичките податоци.

Брзата помош прво го однела во локалната болница, но медицинската екипа заклучила дека тој не е типична жртва на срцев удар, односно не биле сигурни дека по оживувањето ќе можат на најдобар начин да го одржат во живот.

Неговата сопруга, инаку докторка, се сетила дека слушнала за центар во кој ги истражуваат начините на оживување на околниот Универзитет Пенсилванија, па инсистирала нејзиниот сопруг да го префрлат таму.

Конрад бил примен во универзитетската клиника, а докторот Бенџамин Абел, препорачал 24 часовен третман со лекување, за да се минимизира воспалението и да се успори метаболизмот. Тоа се две компоненти кои се клучни за телото да се опорави од вештачкото оживување.

Конрад, потоа неколку дена бил во кома, примајќи пост-инфарктна терапија. Преживеал и оздравел.

heart-attack-9_0Случаите како овој на Конрад, им помагаат на лекарите и истражувачите да напредуваат кон крајната цел- да го спречат процесот на умирање.

-Кога сте свежо мртви, вашиот мозок не е задолжително неповратно оштетен. Мора да се случи телесна и мозочна смрт за да сте навистина мртви- објаснува професорот по медицина од Њујорк, Сем Парни.

Новите знаења и технологии ќе ги изменат нашите гледања на смртта, а истражувачите се повеќе сфаќаат и прифаќаат дека смртта не е прашање на еден момент, туку процес. Со други зборови, човекот не умира одеднаш. Дури и ако застане срцето, телото може да остане живо со часови, а некои делови од телото со денови.

Како што вели професорот Абел, во недостаток на подобри зборови, мртвите можат да се поделат на малку мртви и многу мртви… а меѓу се оние кои се уште не се целосно мртви.

Денес, речиси 95% од умирањата се констатираат во  моментот на прекинување на работата на срцето. Низ историјата, тоа главно била исправна претпоставка.

Во 60-тите години на минатиот век, истражувачите започнале да ја преиспитуваат таа претпоставка. Со вештачко оживување повторно била воспоставена работата на срцето, но се верувало дека рокот за тоа е пет до десет минути-пред да престане протокот на крвта во мозокот.

-Не учеа дека имаме пет минути откако срцето ќе престане со работа. Сега знаеме дека тоа е надминато и дека мозочните ќелии не умираат веднаш- вели Парни.

heart_rate_monitor1Истражувачите сега сметаат  дека ќелиите и органите, секој за себе имаат сопствена смрт и дека умирањето трае со часови, туку со денови. Матичните ќелии живеат во мртвите дури до 17 дена, доколку не дојдат во допир со кислород, се вели во една студија од 2012 година.

Се претпоставува дека ако личноста не реагира на оживување 20 минути, половина час, дека веројатно нема да дојде до заздравување, дури и ако оживувањето успее, пациентот ќе заврши како билка. Сепак, не се знае точниот рок за умирање.

Во неверојатниот случај од 2011 година, жена во Јапонија се обидела да изврши самоубиство, отишла во шумата и испила таблети за смирување. Следното утро нејзиното тело беше откриено од случаен минувач. Кога дошла брзата помош, телесната температура и била 20 степени, немала пулс и не дишела.

Обидите се да го оживеат нејзиното срце не успеале, но лекарите сепак ја сместиле во болничка соба наместо во мртовечница. Ја приклучиле на машина за да и работи организмот. Неколку часа подоцна, нејзиното срце повторно проработело.

Се воспоставило дека ниската температура во шумата ја спречила смртта на нејзините ќелии- па иако навидум мртва дури четири часа, и оживувана уште шест- сепак преживеала.

Три недели подоцна, таа ја напушти болницата целосно здрава. Денес, таа е мажена и неодамна доби дете. На било кое друго место во светот, таа би била прогласена за мртва, констатира професорот.

Комбинацијата на нови методи-чии два клучни чекори се проработување на срцето и ладење на телото, со кои телото се воведува во некој вид хибернација, за да се спречи умирањето на ќелиите, го зголеми процентот на преживување од 26 на 56%.

Главното прашање на кое истражувачите се уште немаат одговор е колку би требало да траат обидите за оживување на телото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1