Анонимус почна да ги објавува личните податоци на осомничените екстремисти, откако по смртоносните напади во Париз „ѝ објави војна“ на ИСИС.
Активистичкиот колектив составува листи на твитер-профили и вебсајтови на екстремистите, во обид да ги урне. Најмалку еден таков пост содржи детали меѓу кои е и физичката адреса на лице за кое Анонимус тврди дека е регрутер на ИСИС во Европа, вели британски Индипендент.
Активистите тврдат дека веќе успешно урнале неколку профили и сајтови.
– See more at: http://emagazin.mk/vesti/vest/14992#sthash.T72jDlwm.dpuf