Ќе не лечат со штоперица: Секој преглед во „Мој термин“ само по 10 минути


Специјалистите ќе треба за 10 минути да прегледаат еден пациент, а во текот на осумчасовното работно време, преку системот за закажување „Мој термин“ да имаат закажано 36 прегледи кои треба да ги завршат за шест часа, а еден час да им биде резервиран за пациентите што доаѓаат на контролаlekar44

Министерот за здравство Никола Тодоров ги задолжил директорите на болниците, до трети овој месец да направат распоред на термините за преглед на пациентите за ноември, а ако тоа не го сторат, следат казни и креирање на термините од Министерството, пишува весникот Вест.

Според новото укажување, како што пишува „Вест“, специјалистите ќе треба за 10 минути да прегледаат еден пациент, а во текот на осумчасовното работно време, преку системот за закажување „Мој термин“ да имаат закажано 36 прегледи кои треба да ги завршат за шест часа, а еден час да им биде резервиран за пациентите што доаѓаат на контрола. На почетокот на секој работен ден, е предвиден половина час за задолжителен утрински колегиум, а во текот на работното време половина час пауза за лекарот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1