Пензиониран Французин кој тргна на пат околу светот со трактор пред осум месеци, стигна во Турција.
Губе (51) на своето патување мина низ неколку држави, а во Турција ги посети Истанбул и Измир. Губе има приколка на тракторот во која спие.
Во изјава за Анадолија тој вели дека ги сака луѓето и природата и поради тоа патува со трактор и се движи споро, но тоа му овозможува подобро да ја запознае околината во која се наоѓа.
По посетата на Турција заминува за Русија и Кина.