Ќе остане неразрешено како почина Дениса? – Грците навеле непозната причина, нашите …


После 68 поминати дена во вистинска голгота и неизвесност, откако на 12 септември исчезна Дениса од бродот Серенисима во Грција, семејството, роднините и другарите, се збогуваа со 23 годишната Дениса Маркоска.

denisa brod

Неофицијално од Институтот за судка медицина во Скопје доаѓа информација дека телото било во крајна фаза на распаѓање и воопшто не можеле да се утврдат причините за смртта. Со тоа целиот случај се обвива во уште поглема мистерија, од што и како починала Дениса во Грција.

Ниту грчките власти се немаат изјаснето од што настапила смртта кај Дениса, иако и тие извршија обдукција. Во нивното соопштение кое го пратиле стои само дека станува збор за непозната природна смрт. Сомнежи за целиот случај имаше уште од самиот почеток.

Зошто ја нема сим картичката од нејзиниот телефон, зошто капетанот дозволил бродот да плови уште 3 часа до Крит иако знаеле дека Дениса ја нема на бродот, и зошто на еден таков елитен брод за крстарење камерите снимале само во реално време, а не архивирале никакви податоци.

Допрва грчките власти треба да се изјаснат дали за случајот ќе отворат истрага за сомневање за убиство, дали ќе го прогласат за самоубиство или тој ќе биде затворен како несреќа. Дениса денеска беше погребана на новите градски гробишта во Прилеп.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1