Ќе се доградува милениумскиот крст


Јавното сообраќајно претпријатие распиша тендер за проект за доградба на Милениумскиот крст на Водно. Ова е обид да заживее комерцијалниот дел од објектот.


-Тендерот е со цел да се избере фирми која ќе изработи проект за довод на вода, инсталации, хортикултурно уредување на просторот, како и поставување тоалети. Во моментов сакаме да создадем услови за  разни дејности во објектот. За понатаму имаме различни проекции, дали ние ќе го управуваме или пак тој простор ќе биде изнајмуван“, вели директорот на ЈСП “Скопје“, Мишо Николов, пренесе Нетпрес.

Заинтересираните компании своите предлог проекти треба да ги достават до претпријатието до 26-ти ноември.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1