Од 15 октомври ќе има ново намалување на цените на околу 700 лекови, најави синоќа од Струга и од Охрид министерот за здравство, Никола Тодоров.
– Намалувањето на ДДВ-то на лекови, беше прво посериозно намалување во Македонија, потоа донесовме нова методологија за утврдување на цените на лековите и како резултат на таа методологија досега има околу 1.000 лекови чија што цена поевтини. Сега на 15 октомври ќе има ново намалување на цените на лековите, очекуваме сега со новото намалување да се намалат цените на околу 700 лекови – изјави Тодоров.