Ќе се менува Законот за пушење


Собраниските служби добиле предлог за измена на Законот кој забранува пушење во локали. Предлогот е поднесен од неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство. Во нивното образложение се вели дека овој предлог се поднесува по скратена постапка поради влошената економска состојба на угостителите кои во последните години поради ригорозните мерки и екстремно високите казни имаат намален промет, а морале и да отпуштат дел од своите вработени.Измените на досегашниот закон дава можност сопствениците да определат посебна просторија за пушачи, а сите останати делови јасно да ги означат како забранети за пушење цигари. Во предлог измените нема конкретни ставки на пример за наложување на угостителите да обезбедат соодветни внатрешни услови за вентилација или нејзино засилување според актуелните законски одредби.

„Во објектите во кои се сместуваат гости, може да се определат соби за сместување за пушачи, но најмногу до 30% од вкупниот капацитет на објектот“, стои во предлогот за измена на членот 3.

„Се забранува пушењето во јавните простории од членот 2 на овој закон. Пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект (тераса, летна бавча и слично), исклучиво доколку просторот е покриен и отворен најмалку од три страни на кои нема никакви прегради (стакло, фолии, пластифицирани или 11 најлонски прегради и слично) или на отворен простор кој не е покриен со тенди, чадори и слично, а кој странично е заграден (дискоклубови на отворен простор, тераси, летни бавчи и слично).“

„Во јавните простории од член 2 на овој закон, одговорното лице на правното лице ќе определи просторија во која може да се пуши, доколку има можности, а во сите други простории ќе истакне знак за забрана на пушењето и ќе обезбеди контрола на забраната на пушењето. Определувањето на јавни простории и истакнувањето на знакот за забрана на пушењето од став 1 на овој член ќе се изврши во рок од 60 дена од влегувањето во сила на овој закон“ стои во предлог измените на Законот за заштита од пушењето.

Plusinfo.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1