Ќе се отвора гробот на Гоце Делчев?


За вечното почивалиште на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ се знае речиси с`, освен можеби најважното – кој е автор на паметникот!? Веќе речиси цели седум децении откако во белиот камен саркофаг се ставени коските на Делчев по нивното враќање од Бугарија во 1946 година, трае енигмата за тоа кој, всушност, е уметникот што го смислил и го направил ова обележје длабоко вградено во колективната меморија на целиот македонски народ. Со години траат обидите да се дознае авторството, но залудно, пишува Дневник.

goce sarkofag grobВо потрага по името на авторот не се исклучува и по цели седум децении да се отвори камениот саркофаг на Делчев. Идејата е со откривањето на капакот да се увиди дали авторот потписот можеби го оставил внатре. Истовремено ова отворање би можело да се искористи и за употребување на најновите технолошки достигнувања што може да дадат одговор на уште една мистерија – дали во саркофагот се сите коски на Делчев или неколку недостигаат. Со испитување на коските на Делчев ќе може да се реконструкција и убиството.

– Од информациите со кои јас располагам можниот автор треба да се бара меѓу еден од двајца Словенци, кои како архитекти или нешто слично во тој период 1945/46 година работеле во Скопје. Авторот имал задача слична на онаа што сега ја имаат градските архитекти, но и тоа не е сигурно. Наводно, тогаш бил и распишан и јавен конкурс за изработка на камениот саркофаг на кој имало повеќе пријавени трудови. За најдобро е избрано ова решение што и се направило. Но, никаде не можевме да најдеме документи од конкурсот, кој с` учествувал и одлуката за избор на постојниот саркофаг – рече кустосот Илиевски.

– Трите камени столбови на кои лежи саркофагот симболично ги претставуваат трите разединети делови на Македонија – Вардарскиот, Пиринскиот и Егејскиот – пишува во публикацијата.

Целата сторија на Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1