Ќе се отвори музеј на автобуси во Скопје


jspНаскоро ќе биде отворен музеј на автобуси.

Во поставката, која ќе биде лоцирана во автобазата на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда, ќе бидат изложени 7 автобуси од марките „лејланд“, „санос“, „раба“, „ман“ и „икарус“ кои превезувале патници во различни периоди, почнувајќи од основањето на претпријатието.

Според директорот Мишо Николов, годинава ЈСП прослави 65 години од своето основање и со оглед на тоа дека веќе целосно го обнови својот возен парк, идејата за отворање еден ваков музеј се наметнала сама по себе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1