Ќе се реконструира Кејот на Охридското Езеро


Охридската локална самоуправа најави реконтрукција на градскиот Кеј на Охридското Езеро. Проектот за идниот изглед на градското шеталиште ќе го изработуваат општинските стручни служби, откако Општинската комисија ги отфрли како мегаломански сите понудени идејни решенија.

Како што најави градоначалникот Никола Бакрачески, при изработката на проектот за идејното решение ќе се внимава да не се нарушува природниот еко-систем на Охридското Езеро.ohrid

– Проектот за реконструкција на Кејот мора да ги задоволува стандардите и барањата на експертите, вели Бакрачески, појаснувајќи дека во тек е изработката на идејниот и основниот проект и по неговото завршување, од што ќе произлезе и цената на таквото идејно решение, локалната самоуправа ќе излезе со конкретни рокови за тоа кога ќе отпочнат градежните активности.

Спроведената анализа од страна на стручните служби покажала нарушување на статиката на Кејот, со оштетувања кои во иднина би претставувале опасност за минувачите.

Инаку, Кејот на Охридското Езеро е изграден во 1928 година, а низ годините постепено е доградуван. Во 1941 година тој е холтикултурно уреден, додека неговата целосна изградба е завршена некаде во 50-те години на минатиот век. Во неколку наврати оттогаш шеталиштето е санирано од оштетувања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1