Драган С. (62) денес попладне се качил на Стариот мост на Сава во Белград и се заканувал дека ќе скокне. Tој утринава околу 10 часот избегал од хуруршкото одделение во болницата.
Како што јави српски Курир, Дрган С. од Обреновацстоел на ивицата и викал дека ќе скокне постојано споменувајќи ја мафијата на белите мантили. пожарникари надувале две воздушни перници под мостот во случај Драган да скокне. Присутна била и речната полиција.
Во намерата да скокне од мостот се обидуваа да го разубедат преговарачи од српската полиција. По неколку часовна драма Драган одлучил самиот да се симне.