Ќе се утврдува дали возачот кој ја усмрти новинарката бил под дејство на алкохол или наркотици


Полицијата по извршениот увид во присуство на јавен обвинител, во врска со вчерашната сообраќајна несреќа во која загина новинарката Сузана Тодоровска Павлоска, ќе направи дополнителни анализи на биолошки материјали земени од возачот и сопатничката.Screenshot_146

-Извршен е увидот, ќе бидат познати сите детали во однос на причините за сообраќајната несреќа. Земени се крв и урина од возачот и од сопатничката кои ќе бидат предмет на анализа во натамошниот период за да се утврди дали причината за сообраќајната незгода е всушност возењето под дејство на алкохол или некои други недозволени супстанци, вели Дејана Недељковиќ, советник во Секторот за односи во јавност на МВР.

Сообраќајната несреќа во која загина новинарката на Македонското радио се случи кај трговскиот центар Зебра. Триесет и седум годишниот возач со Опел Корса ја прегази Сузана, а потоа удри во метална ограда, скали и се заби во дуќан во зградата во близина.novinarka500

Поради сериозните повреди 50-годишната Сузана почина на лице место, а возачот и сопатничката кои помина со полесни повреди беа пренесени во Ургентниот центар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1