Ќе се вештачи лифтот во кој вчера загина шестгодишно дете


Основното јавно обвинителство – Куманово издаде наредба за вештачење на лифтот во кој вчера загина шестгодишно дете.

Вештачењето ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје и треба да ги утврди причините за несреќата.lift 233

По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден со полициско присуство. Во исто време, обвинителот издаде наредба за одземање на севкупната документација од фирмата задолжена за сервисирање на лифтот, како и прибирање на друга неопходна документација потребна за расветлување на случајот.

Дополнително, уште во текот на вчерашниот ден издадена е наредба за обдукција на телото на починатото момче.​

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1