Ќе си муабетиме како да сме дома – роаминг на Балканот за 11 денари!


Од први јануари 2015-та година, ако патувате низ Балканот „без стегање“ ќе може слободно и максимално да го користите вашиот мобилен телефон. Се изедначуваат цените за роаминг услугите со уште осум балкански земји. Поевтинуваат разговорите, СМС пораките, а се воведуваат драстично пониски цени и за мобилниот интернет, пишува Лидер.мк.

Во Будва, Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Турција ќе стават потпис на договорот со кој ќе се воспоставаат воедначени цени за роаминг, а кои ќе бидат усогласени со роаминг регулативата на Европската комисија.hand-holding-mobile-phone

Се очекува наскоро за една минута разгвор во роаминг да се плаќаат не повеќе од 11 денари, за СМС околу 3,5 денари, за еден мегабајт интернет во роаминг максимум 12 денари.

Граѓаните од Македонија сега плаќаат пет пати повисоки цени за мобилна телефонија во странство, а за интернет 30 пати повеќе од европјаните.

Цените ќе паднат и до 50%       

Со новата регионална роаминг регулатива цените ќе паднат и до 50%. Државите кои влегуваат во оваа регулатива треба измените да и завршат до декември. Од друга страна, телеком операторите ќе се соочат со пад на профитот, но од друга страна, аналитичарите на пазарот велат дека со намалувањето на цените повеќе ќе се зборува и сурфа, па така тие ќе имаат поголем сообраќај, а од друга страна корисниците ќе добијат квалитетни, а поевтини услуги. Со новата регулатива, наместо за 150 денари за минута, ќе може да се разговара за 11.

Сакаме цените да бидат усогласени со цените коишто моментално се предвидени во роаминг регулативата на Европската комисија, односно тие да изнесуваат за една минута разгвор во роаминг не повеќе од 11 денари, за еден СМС не повеќе од 3,5 денари и за еден мегабајт интернет во роаминг да не изнесува повеќе од 12 денари, објаснуваат од Агенцијата за електронски комуникации на Македонија.

Познавачите на телеком пазарот велат дека промени во законската регулатива за електронски комуникации ќе наметне спогодбата за поевтин интернет на Балканот.

Дали роамингот на Балканот ќе се укине?!

Потпишувањето на договорот за изедначување на цените на роаминг услугите помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Хецеговина и Албанија, што ќе се одржи денеска во Будва, ќе биде прв чекор кон укинување на роамингот во овој дел на Европа.

За разлика од државите во ЕУ, во земјите на Западен Балкан цените за роаминг услугите се високи, поради што корисниците избегнуваат да ја користат оваа услуга кога патуваат надвор од својата земја.

Граѓаните на ЕУ од 1 јули годинава плаќаат за половина помала цена за услугите за роаминг, отколку претходно и таа одлука за дозволени роаминг тарифи е чекор кон конечно укинување на тој вид на услуги, а најкасно до крајот на 2015 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1