Се верува дека видеото е снимено во Алепо, најголем град во Сирија, во кој од 2012. година има граѓанска војна. Поголемиот дел од жителите ги напуштиле своите домови, а оние кои не го направиле тоа живеат во тешка сиромаштија
На интернет се појави трогателно видео на кое снимател разговара со момче кое со денови не јадело.
Момчето кое веројатно има околу пет години вели дека тој и неговото семејство се принудени да јадат трева за да преживеат.
„Што би сакал да јадеш“, го прашува снимателот.
„Леб“, одговара момчето.
Потресниот снимател успеал да каже само „господ е голем“.