Кралицата Елизабета Втора го доби најубавиот роденденски подарок кој може да го посака – веста дека наскоро ќе добие не еден, туку два „нови“ правнуци! Помалку од една година откако ја роди принцезата Шарлот, Кејт Миделтон е бремена и носи близнаци, пишува магазинот Life & Style.
– Кејт и Вилијам беа шокирани кога дознаа, вели извор близок на кралското семејство.
– На почетокот не можеа да зборуваат само се смееја и истовремено плачеа, раскажува изворот.
Кејт и Вилијам ќе имаат полни раце работа кога ќе дојде приновата, особено со оглед на тоа што принцот Џорџ има две години, а малата Шарлот 11 масеци пишува магазинот.
Никој од од кралското семејство сеуште се нема огласено во врска со овие наводи.