Ќерка ги тужела родителите зoшто објавиле нејзини фотографии на Фејсбук


Девојка од Австрија ги тужела своите родители затоа што објавиле нејзини фотографии од детството.

18 годишната ученичка од австриската покраина Корушка била револтирана кога открила дека нејзините родители поставиле над 500 фотографии на кои таа е дете, и не сакале да ги избришат кога таа го побарала тоа од нив.face kompjuter

– Фотографиите ги објавиле во 2009 година кога имав 11 години, а тие поставиле слики и од мене како бебе. Не се засрамиле од ништо, и немале граници во тоа. Дали седам на нокшир или сум гола во креветче, секој мој чекор бил фотогрфаиран и објавен – вели девојката.

– За жал ги видов тие фотографии кога самата отворив Фејсбук налог, на 14 години. Тогаш моите родители веќе имаа 700 пријатели кои секојдневно можеа да ги гледаат моите слики.

Девојката била особено револтирана што кога ги замолила родителите да ги избришат нејзините слики, се спротивставиле.

– Немав друга можност освен да ги тужам – вели девојката, чии родители сега се соочуваат со казна меѓу 3 000 и 10 000 евра поради кршење на законот за заштита на лични податоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1