Секое семејство има проблеми, но ова со кое се соочува ова семејство од Србија е дефинитивно ужасно. Мајка од Панчево за српскиот Телеграф си ја отвара душата и раскажува низ каква голгота поминало нејзиното семејство.
Жената која била напуштена од родителите, а потоа посвоена од семејство кое ја злоставувало, се решила да сврти нов лист и да застане на свои нозеза да заработи пари за да може да и овозможи се на својата ќерка која ја чувала сама.
– Пред три месеци се преселив во Белград а ќерка ми проба да ме убие. Почнав да работат како рецепционерка, си го средив животот, но бидејќи ми е загрозен животот од сопственото чедо, сега морам на улица, вели мајката низ солзи.
Таа додава дека нејзината ќерка влегла во секта и станала насилна.
– Едно утро се спремав за на работа кога видов дека ја нема ќерка ми. Се јавив во полиција но ми одговорија каква мајка сте ако не знаете каде ви е детето. Отидов сама да ја барам, а кога ја најдов беше облечена во црно, ја турна вратата од дома, се заклучи во соба. Сфатив дека тоа не е веќе истото дете кое го знам, вели мајката.
Девојчето често одело на гробишта, палела свеќи, ги превртувала крстовите, а тепало мајка си…
– Некогаш сакаше животинки и мали деца, се смееше на се…сега нема ништо од тоа. Се обратив и до Центарот за социјална работа, но не ми помогнаа, вели мајката која останува анонимна.
Таа додава дека во една прилика ќерка и ја прободела со нож во стомакот. Исто така, девојчето почнало и да се занимава со проституција.