Ќерката на Џеки Чен објави страшни детали: Бездомничка сум и живеам под мостот! (ВИДЕО)


Ќерката на ѕвездата на акционите филмови Џеки Чен, 19-годишната Ета Нг Чок Лам и нејзината девојка, канадската инфлуенсерка Енди Отом живеат како бездомнички поради хомофобните родители кои не им дозволуваат да бидат заедно.

Тие снимиле видео и го поставиле на Јутјуб, а нивната приказна многу брзо стана вирална. Сега за овој случај пишуваат сите светски медиуми.

„Здраво, јас сум ќерка на Џеки Чен, а ова е мојата девојка Енди. Ние сме бездомнички веќе еден месец поради хомофобните родители. Главно спиевме под мостот, бидејќи никој не сака да ни помогне“, рекла Ета на снимката.

Девојките велат дека завршиле на улица и дека никој не сака да им помогне. Единствена опција им се, како што велат, државните засолништа во Хонг Конг кои ги избегнуваат поради стравот дека ќе ги раздвојат.

– Не разбирам што се случува. Баравме помош, но никој не се грижи. Затоа го снимаме ова видео, бидејќи не знаеме што да правиме. Се сакаме, но се обидуваат да не разделат – согласни се двете девојки.

Двете девојки признале и дека извесно време им помагала другарката на Енди, но дека и тоа престанало.

Џеки Чен ја добил Ета по кратката афера со нејзината мајка Илејн Нх Ји-Леи. Мајката сега, како што пренесува „Метро“ и порачува на ќерката конечно да стане сериозна и да најде работа. Таа за порталот „Коконатс“ ги демантирала тврдењата на нејзината ќерка дека живее на улицата и и порачала да најде работа, а не да им плаче на луѓето за пари.

– Не и помагам, бидејќи мислам дека токму тоа што нема пари ќе ја натера да работи – рекла загрижената мајка.

Џеки Чен пак, нивната врска ја нарекол „страшна грешка“, а со ќерката со години не е во никаков контакт.

Очигледно не и`помага ниту финансиски, иако неговото богатство е проценето на повеќе од 390 милиони долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1