Ќерката на Обама фатена како пуши марихуана (ВИДЕО)


Малиа Обама (18), постарата ќерка на американскиот претседател Барак Обама, е снимена наводно како пуши марихуана на неодамна завршениот музички фестивал „Лолапалуза“ во Чикаго, пренесе американскиот портал „Радар онлајн“.obama1(6)

Снимката трае неколку секунди, а се гледа дека ќерката на Обама во еден момент повлекува чад од џоинт.

Очевидката Џердин Келвин, исто така 18-годишна тинејџерка, ја забележала акцијата од прва рака, изјавувајќи за „Радар онлајн“ дека ја видела Малиа како пуши нешто што наликува на марихуана во текот на сетот на Брајсон Тајлер на 31 јули.

– Ја фатив Малиа како пуши џоинт и имам фотографии да го докажам тоа. Таа беше само неколку чекори оддалечена од мене и можев да ја намирисам марихуаната како доаѓа од цигарата што таа ја пушеше. Видов едно младо момче како ѝ го дава џоинтот, а таа откако повлече најмалку еднаш од него, му го врати – рекла тинејџерката за „Радар онлајн“.

На истиот тој фестивал, пред неколку дена беше објавено видеото во кое Малиа, стоејќи на крајот од поставена сцена, од кадешто ги гледала и слушала своите омилени изведувачи, го крева фустанот и почнува да тверкува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1