Ќерката на професорката Иванка Додовска денес била нападната во училиште од група ученици.
-Денес моето дете е нападнато од група ученици од соседното одделение со груби и недолични навреди. Се прашувам какви се тие родители кои ги воспитуваат своите деца од мали нозе да се трујат со политика и која е заштитата на децата кои ги учиме да си бидат деца и да си го гледаат учењето, пишува меѓу другото Додовска на Фејсбук.
Таа апелира до родителите детето да и го остават на мира и да се објаснат лично со неа.Ваквата постапка на несовесните родители наиде на голема осуда од корисниците на социјалните мрежи кои коментираат дека таквото однесување е срамно, и бараат децата да се остават да бидат деца.