Kетрин Зита Џонс хоспитализирана на психијатрија – има биполарно пореметување на личноста


Акетрката Кетрин Зита Џонс повторно побарала помош поради биполарното пореметување од кое пати, поради, според зборовите на нејзиниот публицист, проактивниот начин на грижа на нејзиното здравје.

katrin zita djonsОва, како што пренесуваат агенциите, е втор пат актерката да бара стручна помош од 2011 кога прв пат се појавиле вестите дека има биполарно пореметување од тип 2, што е поблаг облик на болест која е карактеризирана од нагла промена на расположението и хистерично однесување.

Нејзиниот претставник за медиумите рекол дека таа проактивно се пријавила во болница, и додала дека таа и претходно повремено одела на лекар како на оптимален начин би се грижела за своето здравје.

Прв пат се пријавила во болница после стресот предизвикан од тоа што на нејзиниот сопруг, актерот Мајкл Даглас, му бил откриен рак на грлото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1