Холивудската ѕвезда Кевин Спејси нема да одговара за силување малолетник , бидејќи случајот застарел.
Оскаровецот Спејси беше обвинет од еден маж кој тврди дека во 1992 кога бил малолетен , бил силуван од него. Сепак обвинителството во Лос Анџелес одлучи дека случајот е застарен и нема да поведе кривична постапка.
Против Спејси имаше шест тужби од кои пет за сексуално злоставување , а една за напад. Меѓу оние кои јавно го обвинија Спејси за сексуален напад беше и неговиот колега Ентони Реп , кој бил злоставуван од Спејси во 1986 година , кога Ентони бил дете. Кевин тогаш на твитер напиша дека не се сеќава на средбата зашто бил под дејство на алкохол.
Спејси ги призна и своите хомосексуални склоности со што ја шокира јавноста. ,,Како што ме знаат најблиските , во животот сум бил во врска и со жени и со мажи. Ги сакав мажите и бев во романтична врска со нив така што сега сум геј.” , напиша холивудската ѕвезда.
Како резултат на обвинувањата за силување деца, продуцентите му ги откажаа ангажманите на Спејси во најавените филмови , а неговиот последен филм “Billionaire Boys Club” доживеа фијаско со заработени само 618 долари од влезници во 11 кино сали.
Братот на Кевин , Ренди Фаулер уште пред десет години изјави дека неговиот татко Томас Џофри Фаулер редовно го тепал и го силувал кога бил дете.