Кежаровски скршен: Низ солзи го почна исказот (Видео)


Новинарот Томислав Кежаровски ја започна својата одбрана на рочиштето за случајот „Ликвидација“ .Кежаровски видно вознемирен, два пати се расплака во текот на исказот, пренесува А1Он.

kezarovskiSudenje-685x320„Јас само ја работев својата работа. Не е потребно човек да е правник за да примени здрав разум и логика и да ја сфати апсурдноста на обвинението против мене кое ми го наруши мирот и семејното спокојство“, изјави Кежаровски.

Новинарот посочи дека со неговото апсење се загрозува слободата на медиумскиот простор . Појасни дека грешката со сведокот Златко Арсовски-Бреза е направена многу пред да го објави името.Преку случајот „Ореше“, рече, требаше да се открие гнилоста на институциите.

Побара од судот да провери чиј е телефонскиот број од записникот кој тој го објавил во текстот за кој се товари, бидејќи, тој се сомнева дека бројот е на заштитниот сведок.

На Кежаровски денеска во судницата не му дозволија да ја прегрне својата ќерка.

Видео – А1Он

В

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1