Демократската Унија за Интеграција и нејзиниот кандидат Фатмир Дехари се победници на Локалните избори 2013 во новоформираната општина Кичево, каде што според избирачкиот список имаше вкупно 48 047 гласачи
Според партиски извори на коалицијата„ Кичевчани за Кичево“, на овие избори ДУИ освои вкупно 17 365 гласови, додека коалицијата на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ освои вкупно 15 819 гласачи – Дехари победил со предност од 1546 победи на овие избори.
На тој начин во наредните четири години прв човек на општина Кичево ќе биде актуелниот градоначалник на општина Осломеј, Фатмир Дехари. Бројот на советнички места ќе биде допрва одреден според Донтовиот модел, но и таму победата ја однесе ДУИ.
Nova Makedonija