Киднапирале и продале мисица од Белорусија за пар обетки


Олга Романович денес има 20 години и е вистинска убавица, што докажува и фактот дека победила на избор за МИс. Меѓутоа кога имала само 4 години, таа била грабната од нејзината мајка Тамара и била продадена на Роми за пар златни обетки.

olgaНејзината мајка од Белорусија се преселила во Молдавија откако се развела од сопругот, а на Олга во нејзинотот ново семејство името и било променето во Марија Прејда. Како што вели оваа девојка била среќна со луѓето што ја купиле, но отсекогаш се прашувала од кад епотекнува па затоа го ангажирала Интерпол за да ги пронајде вистинските родители.

– Ме одгледаа како свое дете, но никогаш не се чувствував како дел од нив. Едноставно бев поразлична – изјавила Олга за локаните медиуми.

Иако го научила ромскиот јазик таа никогаш не се вклопила во таа средина. Таа се школувала за готвачка и фризерка, но отсекогаш била несреќна и сакала да дознае од каде доаѓа. Кога нејзината баба која ја одгледала, починала, Олга собрала храброст да ги побара своите вистински родители.

Со помош на Интерпол ја пронашла својата мајка, која е во ужасна здравствена состојба, па денес Олга живее со својата тетка во Минск и студира на Медицински факултет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1