Киднапирана тештата на Берни Еклстон, бараат 36 милиони долари за откуп! (ФОТО)


Милијардерот и сопственикот на Формула 1 Берни Еклстон (85), кој во моментот се наоѓа во Дубровник, е на големи маки, бидејќи неговата тешта е киднапирана во Бразил, а киднаперите бараат неверојатна сума. Апресијада Шунк, мајката на сопругата на Берни, е киднапирана во петокот, пренесуваат медиумите, но не објавиле детали од киднапирањето. Според пишувањето на бразислките медиуми, тешко е да се дојде до информации и официјални потврди.profimedia-0284777529_1000x0

Киднаперите, наводно, се во контакт со семејството на неговата сопруга Фабијана, додека брачната двојка Еклстон не сакала да даде никакви изјави за медиумите.

Според наводите на бразилските медиуми, киднаперите бараат парите да се распоредат во четири ќеси, а инсистираат на ситни апоени и да бидат исплатени во британски фунти.berni eklston(1)

Екслтон на листата на најбогати Британци е на третото место, со богатство од 3,2 милијарди фунти.

Со ќерката на киднапираната тешта, Фабијана Флоси, се ожени во 2012 година, три години откако ја запозна на бразилскиот Гран при.

Претходно Берни беше 25 години во брак со Хрватката Славица Еклстон, моминско Радиќ, со која има две ќерки.

Жената која е киднапирана живее во квартот Интегралос, во Сао Паоло и е многу блиска со својата ќерка.

Киднапирањата се чести во Бразил. Според полициските податоци, секојдневно се пријавуваат киднапирања на неколку лица, а киднаперите за нив често бараат откупи во износ од само неколку стотици долари. Бразил во моментот е среде една од најтешките економски кризи во последните стотина години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1