Офицерот за врска на српската амбасада во Триполи, Слаѓана Станковиќ и возачот Јовица Степиќ најверојатно загинале во воздушните удари на американските сили врз база на екстремната сунитска организација Исламска држава во овој либиски град, пишуваат српските медиуми повикувајќи се на пишувањето на весникот „Либија хералд“.
Двајца службеници на амбасадата на Србија во Либија беа заробени во ноември минатата година, кога нивното возило било запрено западно од Сабрат близу туристичкото село Талил.
Веста за загинувањето до агенцијата Танјуг ја испратил заменикот на главниот уредник на „Либија хералд“ Нигел Аш, но таа официјално не е потврдена, што го наведува на својата страница и либискиот весник.
Во меѓувреме вонредна прес конференција свикаа шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ и претставниците на Безбедносно разузнавачката агенција (БИА), пренесе Радио-телевизија Србија.
– За жал, вчера попладнето добивме информации дека во нападот настрадале повеќе странски државјани, меѓу кои и двајца службеници на нашата амбасада. Информацијата се уште не е официјално потврдена од либиските органи. Се очекува идентификација, не можеме со сигурност да потврдиме, но добивме фотографии кои јасно потврдуваат дека таа информација најверојатно е точна – изјави на прес-конференцијата Дачиќ.
Американското министерство за одбрана потврди дека неговите воздухопловни сили извршиле воздушни напади, наведувајќи дека целата бил камп за обука на Исламската држава во Сабрата.
Според Пентагон, целта претставувала опасност за САД. Во нападот загинале повеќе од 40 луѓе, најголем дел Тунижани кои се наоѓаат во соседна Либија.
Убиени српските дипломати кои беа киднапирани во Либија (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)