Кили: Во затвор си ја одморив душата – се селам каде ќе можам слободно да се лечам (ВИДЕО)


Актерот Кирил Поп Христов за прв пат после пресудата од една година затвор која му беше одредена за нелегално производство на марихуана, во емисијата „Во недела попладне“ проговори за неговото искуство во затвор. Емисијата „Во недела попладне“ се емитува во живо на телевизија Алфа, секоја недела во 15.30 часот.

Се чувствувам добро, здравјето ми е повеќе од добро – изјави Кили во првото интервју по издржувањето на затворската казна.kili

Вели дека води сметка да не и се допадне на смртта. Се заколна во мајка и даде чесен пионерски збор дека во иднина ќе ги почитува законите,

Јас го садев моето здравје и за да го комплетирам и забетонирам моето здравје јас ќе отидам во простор каде нема да ми прават опструкција и нема да ми упаѓаат во рани утрински часови да ме вадат од памет и да ме заустават од комуникација со светата ми билка која живот ми даде. Затоа морам да се склонам.

Кили вели дека не постои човек што не знае дека таа билка е негова светица и дека од таа билка комуницира и таа билка го спасува.

– Имам дијагноза малигнитет на неоплазма и канцер на долги коски, со јасни метастази на магнетна резонанса. По шест месеци конзумирање на ова масло сум подобар, не смеам да кажам од каде го набавувам зашто пак ќе свирам клавир во казнено-поправната установа – вели тој и негодува што марихуаната како лек не е дозволена во нашата земја.

Раскажува за случките при снимање филмски сцени во Шутка, кога ја скршил раката за време на снимањето на Тетовирање. Сега бил во истата келија каде што за време на снимањето на филмот ја скршил раката.

-Животот во затвор е совршен, ако сакаш да си ја одмориш душата –  изјави Кили.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1