Килограм пчелин отров на светскиот пазар се продава за 100.000 долари


Српските пчелари собираат пчелин отров што на светските пазари достигнува цена од 70.000 до 100.000 долари, пишува Блиц.

Пчларите меѓутоа се жалат дека Србија нема законска регулатива која се однесува на ова прашање па се принудени да извозот да го реализираат преку Босна и Херцеговина.

Овој пчелин производ најчесто го откупуваат фармацевтски и козметички компании од Америка, а го користат за производство на скапи креми против ботокс, во производство на лекови за кардиоваскуларни и ревматски болести, како и за лекови за повеќе од 40 најтешки видови на автоимуни заболувања.

За 100 грама пчелин отров овие компании даваат по 7.000 долари.

Процесот на производство на пчелин отров трае околу 45 минути. За да се добие еден грам, неопходни се 15 пчелни семејства, коишто мора да направат 1.000 убоди. Уредот за собирање на овој отров се состои од рамка со жици под коишто се наоѓа стаклена плоча.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1