Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Кање Вест добија понуда од Саудискиот принц Мохамед Бин Салман. Имено принцот нуди 10 милиони долари за да помине една вечер со славната старлета.
Принцот се одлучил на ваква понуда поради изјавите на Кање Вест дека 53 милиони долари е во минус, па дури и од Марк Цукерберг побарал да вложи во неговите идни проекти.
Мохамад бин Салман на конференцијата за новинарите понудил решение со кое би сакал да му помогне на раперот.
-Не ме интересира неговата музика, ниту колекциите облека, но неговата жена… Таа е непроценлива. Со задоловство би платил 10 милиони долари, па дури и повеќе за да поминам една ноќ со неа, им изјави на новинарите Мохамад бин Салман, а пренесоа странските медиуми.
И додека едни сметаат дека ваквата понуда не е воопшто чудна ако се има во предвид кој е принцот Мохамад бин Салман, други пак веруваат дека во најмала рака се работи за шпекулации и прашање е дали принцот воопшто изјавил такво нешто.