Станува збор за козметички третман кој е безболен, трае кратко и не предизвикува алергии, а трае 18 месеци.
Го нарекуваат „вампирски третман“ бидејќи се користи крвта на пациентот.
– Сакам да испробам се што ќе помогне да изгледам помлада и да се чувствувам поубава – изјавила Ким Кардашијан (32). Ким фотографијата ја објавила на Твитер, а целиот третман е снимен.
Се започнува со вадење крв од која потоа со посебен процес се одвојува плазмата од крвните клетки. Постапката со инјектирање се прави со многу потенка игла и е помалку болен од третманот со ботокс.