Весникот „People’s Daily“ е службено гласило на Комунистичката партија на Кина за кој што се гради нова зграда.
Без оглед што оваа градба би требало да заврши за неколку години веќе стана популарна во светот поради својот облик кој што несомнено потсетува на машки полов орган.
Увидувајќи го овој пропуст и фактот дека зградата стана популарна властите на Кина се обидоа да го блокираат пребарувањето на интернет во оваа земја во врска со неа. Кога ќе се обидете да пребарате добивате резултат дека вашето барање е илегално. Меѓутоа непотребно и предоцна. Зградата веќе е хит во целиот свет.
Така што зградата стана цел на потсмев и разни монтажи на тема што би се случило кога би се сретнала со познатите градби во Кина.