Кинески тинејџери се самоубиле бидејќи не напишале домашна задача


Двајца кинески тинејџери си го одзедоа животот бидејќи не успеале да завршат домашна задача, објавува денеска кинескиот печат.

kina skoloСпоред Чајна дејли, 15-годишно момче вчера се фрлило од зградата во кое живеело, додека другиот на возраст од 13 години се обесил ноќеска во својот дом во Нанкин на исток во државата, заради тоа што не успеале за време на првомајските празници да ги завршат сите домашни задачи.

Според студија од 2007 година, учениците неретко минуваат и по 12 часа во школо. Според ОН, 99 отсто од децата во Кина се опфатени со обврзно школување, но системот е често критикуван од страна на родителите поради претераното учење „напамет“, преостра селекција и ригидност на образовните методи. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1