Со текот на времето околу 30% од Кинескиот ѕид исчезнал. На исчезнувањето влијаеле временските услови, но и човекот.
Имено, голем дел од Кинескиот ѕид исчезнал поради тоа што луѓето крадат тули за да градат куќи.
Сиромашните селани во округот Лулонг, во северната провинција Хебеј користеле дебели сиви тули од ѕидот за да ги изградат домовите, додека плочите гравирани со кинески обележја, локалните жители ги продавале за 30 јуани (4,80 долари) од парче.