Кинез запросил девојка со мозаик од 840 Рубикови коцки со нејзиниот лик, но таа го одбила


Кинез составил 840 Рубикови коцки и направил мозаик со ликот на девојката во која е вљубен и ја побарал за жена, но таа го одбила.

„Сакав да ја изненадам, но ме одби“, изјавил Тонг Оан, механичар од северна Кина.Image

Тонг два месеца го правел мозаикот висок два метра. Дизајнот го нацртал на фотошоп, а потрошил 460 долари за купување на 840 -те Рубикови коцки.

Направил посебна дрвена рамка, во којашто полека ги сложувал коцките, а му требало дури три ноќи да го направи тоа.

Неговата приказна и сликите од мозаикот станаа популарни на социјалните мрежи, но тој вели дека не е лут на девојката која го одбила.

„Луѓето почнаа да зборуваат за неа лошо на интернет. Се надевам дека тоа ќе престане. Не направи ништо лошо. Едноставно таа нема исти чувства како мене“, изјавил Тонг.

Мозаикот моментално се наоѓа во куќата на Тонг и сега смислува како да го премести од таму, бидејќи зазема голем простор. Инаку тој во слободно време најмногу сака да составува сложувалки и да решава загатки.

Кина стана позната по ваквите несекојдневни изјави на љубов. Едно момче ја запроси својата девојка со помош на 99 телефони, а друго момче ја запроси девојката со две огромни срца направени од илјада црвени лути пиперчиња.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1