Кипарските пари сепак настрадаа – одобрен данокот за парите на штедачите


bankКипар и тројката меѓународни кредитори вечерва постигнаа договор за еднократно оданочување на депозитите во кипарските банки во вредност од над 100 илјади евра, соопшти анонимен висок претставник на кипарските власти.

Депозитите во водечката кипарска банка „Банк од Кипар“ ќе бидат оданочени со 20 процентен данок, депозитите во останатите банки во земјата со 4 процентен данок, пренесува БТА.

Кипарските власти се откажаа од намерата за национализирање на приватните пензиски фондови, како дел од мерките за собирање на средства во замена за добивање на спасувачки пакет од ЕУ и ММФ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1