Таткото на сопругата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е вработен во ЕЛЕМ. Борче Поповски работи во „Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕЛЕМ – Скопје”.
Ова за ТВ 24 го потврдија и од ЕЛЕМ и Кирацовски кој сепак тврди дека тој е ангажиран преку приватна агенција и дека тоа е посебна фабрика, која не е ЕЛЕМ.
-Не е точно. Таткото на мојата сопруга е вработен во ДООЕЛ ФОД-Фабриката за опрема и делови преку приватна агенција за вработување. Претходно работел во фабриката Киро Дандаро, а сега работи во алатницата на фабриката за опрема и делови, изјави Кирацовски, пренесе ТВ24.
Прашан дали имал влијание за вработувањето на неговиот дедо, Кирацовски одговори:
–Со индигнација ги отфрлам грубите инсинуации и алудирањето дека како функционер сум го вработил. Не е ни некоја солидна работа со која може да се пофали човек, одговори тој.