Да го зачуваме нашиот идентитет и интегритет,да зачуваме нешто што сме наследиле и е наша обврска и должност да го пренесеме на нашите идни поколенија,да го зачуваме она што е наше и што ни припаѓа…
Поддршка за Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија, напиша на својот Фејсбук профил македонскиот капитен и светски ракометен великан, Кирил Лазаров.
-Чувствувам потреба како Македонец да го споделам своето мислење пред целата Македонска јавност. Ги почитувам сите граѓани подеднакво во Република Македонија без разлика на нивната верска,национална и партиска припадност. Драги Македонци,за да бараме почит од други и да ја добиеме прво треба сами себе да се почитуваме – За МАКЕДОНИЈА се работи!!! Да го зачуваме нашиот идентитет и интегритет, да зачуваме нешто што сме наследиле и е наша обврска и должност да го пренесеме на нашите идни поколенија,да го зачуваме она што е наше и што ни припаѓа… Поддршка за Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија.
Лазаров додава дека статусот е напишан од срце со чиста мисла и слободен ум.