Кире Наумов, поранешниот советник на Бранко Црвенковски и екс директор на Агенцијата за разузнавање најавува кандидатура за лидерската позиција во СДСМ.
-Веќе подолг период многу членови на СДСМ ми приоѓаат и ми изразуваат поддршка за ставовите што ги искажувам во јавноста. Не само тие што се познаваме од периодот кога бев член на Централниот одбор на СДСМ, туку и многу со кои лично не се познавам.
Тоа ми дава за право да размислувам за многу поактивно вклучување затоа што искрено сакам и се чувствувам подготвен да помогнам на партијата.
Доколку постапката за кандидирање на мајскиот конгрес се води така како што кажав пред малку, се остави минимум фер игра внатре, се овозможи претставување во општинските организации и делегатите за тоа како јас ја замислувам СДСМ во иднина, не ја исклучувам можноста да бидам кандидат – вели Наумов во интервју за неделникот “Република”.