Општина Кисела Вода планира да гради 100 стамбени згради во единствениот слободен простор во Расадник.Услов за тоа е да се усвои Деталниот урбанистички план на Општина Кисела Вода, по што на приватни земјишта ќе никнат четикрикатници, шескатници и петнаесткатници, објави ТВ Телма.
Автомобили на тротоарите, градежни работи и малку зеленило е сликата која денеска може да се види во Расадник. Ова ги натерало жителите на скопска Кисела Вода да упатат претставки до општината. Граѓаните велат дека ваквата одлука општинарите ја донеле нетранспарентно, но и дека нема потреба од нови станбени објекти.
Градоначалникот Филип Темелковски вели дека со овој ДУП ќе се изградат 20 згради помалку, а и дека на плацовите кои се во државна сопственост ќе има нова градинка ,поликлиника, црква , средно улилиште.
Предлогот за ДУП на Кисела Вода од 2016 не беше усвоен поради негативното мислење на Министерството за образование. Тие имале забелешки што немало доволно простор да се изгради училиште. Реакции имаше и од жителите на Расадник. Јавната анкета завршува утре, а до сега се поднесени 185 претставки.