Климатизер и деца – Да или не?


Климатските промени ни наложуваат честа употреба на клима уредот, но дали треба да се лади и просторијата во која престојуваат деца и како таа влијае на нив?

Детето за да нема здравствени проблеми поради употребата на клима уредите, потребно е да се почитуваат неколку важни принципи.

airconditionercomparisonПроверете ја исправноста на климатизерот. Најдобро би било редовно да ги извршувате препорачаните сервиси пред да дојде до проблеми.

Ако почувствувате невообичаен мирис или слушнете необичен звук на моторот на клима уредот, потребно е веднаш да го исклучите и ги направите потребните поправки.

На почетокот на сезоната потребно е да се исчисти или да се заменат филтрите на климатизерот. Ако филтрите се нечисти, на нив се размножуваат бактерии, кои потоа се шират по станот.

Клима уредот треба да биде наместен на  на пријатна температура. Температурната разлика во однос на надворешната не треба да биде поголема од пет до седум степени.

До ова правило тешко може да се придржувате ако надвор е 40 степени. Во тој случај наместете го клима-уредот на температура која на сите ќе ви биде пријатна.

Со детето немојте веднаш да излегувате од климатизираната просторија. Големите и брзи промени се шок за секој организам, па и за детето.

Ако излегувањето е планирано, исклучете го климатизерот петнаесет минути порано. Ако брзате , задржете се во ходникот барем пет минути. Истото важи и за влегување во разладена  просторијата.

Клима уредот не треба да биде насочен директно во детето.

Ако одите на подолг пат, клима уредот во автомобилот е неопходен. Како и за куќните клима-апарати потребно е редовен сервис и чистење на филтрите.

Сите други правила за здраво разладување важат и за во автомобилите: ладниот воздух не треба да дува директно во детето, температурната разлика треба да е умерена, да не се излегува веднаш на топло од разладеното возило – исклучете го клима уредот десет минути пред да излезете, а покрај излегувањето прво отворете ги прозорците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1