Откако светските медиуми ја прогласија за победник на првата дебата каде ги соочи своите ставови со противникот Доналд Трамп. Кратко потоа, се појавила теорија дека Хилари Клинтон мамела за време на претседателската дебата, носејќи слушалка во уво.
Некои заговорници велат дека Клинтон имала слушалка преку која добивала помош од својот тим. Други тврдат дека станува збор за медицински уред.
Своето тврдење го поткрепуваат со фотографии на кои, како што пишуваат, се гледа дека Хилари има нешто во увото.Но оваа теорија веднаш била отфрлена, бидејќи споменатиот кабел веројатно е од микрофонот кој се наоѓа на предниот дел на нејзиното сако.