К.К. (40) попладнево е пронајден мртов во стан на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, пишува МИА.
Според МВР, К.К. имал повреди од огнено оружје во пределот на градниот кош, а оружјето е пронајдено покрај неговото тело.
Кобен завршеток на приказната за вооружениот инцидент во скопската населба Капиштец. Лицето коешто попладнево стрелало од огнено оружје кон паркиралиштето од спротивната страна на улицата од својот стан близу АМСМ извршило самоубиство.
К.К. (40) попладнево е пронајден мртов во стан на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.
Според МВР, К.К. имал повреди од огнено оружје во пределот на градниот кош, а оружјето е пронајдено покрај неговото тело.
Полицијата врши увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.