Седумдесетгодишниот Веселин С. од Кочани починал откако се заплеткал во бодликава жица, изгубил рамнотежа, паднал и со глава удрил во цевка која била веднаш до оградата.
Последицата од ударот била фатална за 70 годишниот човек, констатирале подоцна лекарите од кочанската Брза помош.
Мртвото тело на кочанчанецот го забележале негови сограгани и веднаш пријавиле во полиција.
По извршениот увид, телото на несреќно загинатиот кочанчанец е предадено семејството.