Кочо Данај: Македонија е мртва следна е Србија


Македонија е мртва, следна е Србија вели за српски курир историчарот и поборник за Голема Албанија, Кочо Данај.  Лидерот на листата за природна Албанија тврди дека протестите во Скопје не се поради незадоволство од домашното судство туку за создавање на новата Албанска држава која ќе завземе поголем дел од Македонија како и половина од јужна Србија. Тоа го поткрепува со фактот дека главен декор на протестите низ Македонија е токму картата на Голема Албанија.

tizer-13072014-1405206476-533707Тој во интервјуто на курир бара Албанците да се обединат и да направат чистење на териториите каде ќе живеат само Албанци.  Според него во моментов тие во држвава се чувствувале како народ од втор ред иако биле 35 отсто од вкупното население.

Албанците се кренаа против шовинизмот на македонската влада. Во текот на протестите се судрија со полиција која беше наоружана до заби. Но протестите во македонија мора да продолжат. Чекор по чекор таа територија мора да биде исчистена и ослободена од сите религиски и национални различности, а побуната треба да се трансформира во едно општо движење кое за цел ќе има конечно соединување со Албанија, потенцира Данај.

Според него Македонија во 2001 година избегнала распад само затоа што Албанците го потпишале охридскиот договор кој никогаш вистински не бил прифатен.

Договорот веќе одамна е мртов и погребан а со него и Македонија како држава исто така е мртва вели Данај.

Албанскиот историчар смета дека сите Албанци ја поддржуваат неговата идеја. Во границите на природна Албанија требало да влезат териториите на сегашна Албанија и Косово, половина Македонија, дел од јужна Србија со што границата ќе била кај Ниш, неколку општини од Црна Гора како и Грчката област Чемерија.

Нема да дозволиме во европската унија да влеземе како неоотомански вилает туку во заедницата ќе се интегрираме како модерна држава пренесува Курир.

Данај им се заканува и на сите нови соседи на Новата држава, дека ќе мора да ја прифатат како таква ако сакаат да се сочува мирот во регионот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1