Момците вработени во web порталот “Buzzfeed” направиле експеримент кој се состоел во тоа да одберат случаен минувач кој ќе ги однесе на ручек да ја пробаат традиционалната храна на неговата земја.
Тие го одбрале Милан, Црногорец кој живее во Америка уште од 1987-ма година. Тој ги однел на ќебапчиња, бурек и на сарма, а нивните реакции се – благо кажано, неочекувани.
Со воодушевување уживале во специјалитетите од нашите простори, од бурекот до сармата, шопската салата, ќебапчињата па се до баклавата…
Погледнете го видеото: